за нас : контакт : содржина : добивање на понуди : хуманитарна цел
21.12.2014
посетител бр.: 296116
 
Почеток
  Миграциони движења  
  Препораки за работа  
  Сезонска работа  
  Населување  
  Молби  
  Студирање  
  Деловна работа  
  Работа дома  
  Мали семејни бизниси  
  Професионални бизниси  
  Природна хербална медицина  
  Management & economy & business & informatica  
  Берза & огласи  
  Мултимедијални комуникации  
  Награди  
  Травел  
  Спонзори  
Препораки
 

 

2.  ПРЕПОРАКИ ЗА РАБОТА ВО СВЕТОТ

JOB IN THE WORLD  

 

 

Подготвил:

Проф.инг. Иван Schwarz Стевковски

 http://www.rabota-biznis-profit.com.mk/Vestiimages1/ZNAMINJA%3D%3D111.gif

POPULATION IN THE WORLD

 

 

World population 2005 2000 2010  World 6.453.628,000 6.070.581,000 383.047.000 Africa 887.964.000 795.671,000 92.293.000 Asia 3.917.508.000 3.679.737.000 237.771.000 Europe 724.722.000 727.986.000 3,264,000 Latin America 558,281,000 520,229,000 38,052,000 Northern America 332.156.000 315.915.000 16.241.000 Oceania 32.998.000 31.043.000 1.955.000

 

 

ПОДГОТВЕНОСТ НА АПЛИКАНТОТ ЗА ЗАМИНУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО

Одлуки за заминување во странство 

 

http://www.rabota-biznis-profit.com.mk/Vestiimages1/EVRO%3D%3DEVR.jpg

 

*       силна мотивација за работа и заработка

*       цврст карактер

*       упорност и истрајност

*       самоконтрола и дисциплинираност

*       трпеливост, свесност и рационалност

*       амбициозност, снаодливост и комуникативност

*       одмереност

*       психофизичка и ментална стабилност

 

Препораки: 

*       Одлучување на која понуда за работното место ќе се пријавите

*       Пополнување на молбата за работа во странство (application for foreign employment)

*       Давање на точни податоци потребни да се пополни молбата

*       Своерачно потпишување на молбата

*       Избирање на адреси за конкурирање и добивање на ино-сезонски работни места.

*       Фотокопирање на молбата.

*       Испраќање на молбата по пошта (во обично, препорачано, вредносно, итно или авионско писмо).

*       По добивање на одговорот доколку е позитивен, се добива работна дозвола (формулар 77) или гарантно писмо со кое се добива влезна виза (печат) од конзулатот или во амбасадата на матичната земја со важност од 3 месеци на важечки пасош. Влезна виза може да се добие во амбасадите во Македонија. 

СИГУРНОСТ ДА СЕ ДОБИЕ РАБОТА  

*       навремено испраќање на молба на распишаните меѓународни огласи

*       исполнување на условите кои се бараат

*       конкуренција: на овие огласи се јавуваат апликанти од цел свет

*       факт: има помала понуда на слободни работни места од бројот на пријавените апликанти

*       100% сигурност да се добие работа: Компатибилност на она што се бара и она што се нуди + совпаѓање на огласите за работа и навремено испратената молба 

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ПРОЦЕДУРАТА ЗА ДОБИВАЊЕ НА РАБОТА  

Од она што апликантот го нуди, треба да се очекува и процедурата да трае подолго или пократко. 

*       процедурата за завршени апликанти со VII степен на образование со техничка струка, магистри или докторанти од сите професии е кратка и веднаш се примаат

*       за физичките работници кои немаат квалитетно барано образование или квалификации и без познавање на странски јазик, шансите се помали

*       јазици: англиски, француски, германски, шпански и сл.

*        дипломи и курсеви: признати дипломи во светот и завршени курсеви по методите IELTS, TOEFL, FCE, CAE, CPE, SAT  и GRE.

УСЛОВИ, ПРОФЕСИИ, СТРУКИ, ЗАНИМАЊА, КВАЛИФИКАЦИИ И ОБРАЗОВАНИЕ  

Услови: 

*       диплома за завршено образование

*       работно искуство поминато во струката

*       возраст

*       познавање на јазикот на државата во која се бара работа или друг странски јазик

 

Професии, струки, занимања, квалификации и образование: 

*       технички науки со III, IV, V, VI и VII степен образование

*       производни занимања

*       услужни дејности

*       работа во продавници, ресторани

*       прехранбена индустрија

*       физички работници за работа на фарми и градинарство

*       високо стручни кадри – специјалисти од областа на техника, технологија, производство, прехрана, фармација, економија и менаџмент 

ОГЛАСИ ЗА РАБОТА 

Слободни работни места се оние за кои не се пријавиле апликанти од матичната земја. На овие огласи можат да конкурираат странски работници.

Слободни работни места се добиваат по повеќе основи и тоа: 

*       самоволно напуштање на работното место

*       отказ поради недисциплина, непридржување на договорените услови, осуденост, чести боледувања, нејавување на работа до 3 дена, унапредување на повисоко работно место и сл.

*       Зголемување на обем на работа, проширување на фирмата, потреба од работа во смени, отворање на нови технолошки работни места и сл. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ  

*       пополнета молба со работна биографија

*       уверение или потврда од лекар за работна способност

*       доказ за работно искуство во струката со која се бара работа

*       уверение за знаење на странски светски јазик

*       препорака од фирми каде апликантот порано работел

 

Сите документи се фотокопии.  Документите може да се упатат: 

*       непосредно до работодавачот кој обезбедува работа само за потребите на својата фирма,

*       посредно до специјализирани агенции за вработување кои соработуваат со повеќе фирми во светот и обезбедуваат работници за нивни потреби. За оваа услуга наплатуваат од 2 – 5% од платата која би ја добиле.

 

Испраќањето на документите се врши преку пошта. Писмото може да се испрати како обично, препорачано со или без повратница дека е примено, експрес, итно-ургентно, авионско, со DHL пошта (за 2 дена било каде во светот) и сл. 

  

МОЛБА - APPLICATION FOR FOREIGN  EMPLOYMENT (CV)   

Молба за вработување во странство напишана во писмена форма е првиот услов за излегување во јавност на нашата понуда за работа во странство. Она што го нудите, во прв ред - вашите работни способности, во молбата педантно и табеларно се подредени за пополонување и внесување на вашите податоци. Молбата е огледало на вашата комплетна личност пред ино-работодавачот.

Пред да се пополни молбата за пријавување за работа во странство до меѓународните специјализирани агенции, берзи завработување или компании, во продолжение ви даваме некоку совети: 

*       пред да се испрати молбата, потребно е добро да се размисли со кои работни квалификации, занимања и образование ќе настапите за добивање на работата која што ви се нуди.

*       Имајте предвид дека огласите за слободни работни места се меѓународни, а на нив се јавуваат и други кандидати заинтересирани за добивање на работното место.

*       Се проверуваат податоците кои се бараат во огласите, дали одговараат на оние кои што вие ги нудите, и тоа: лимитна старост, работно искуство, степен на познавање на странскиот јазик, вид на образование кое се бара итн.

*       Проверување на условите кои ви се понудени за работа: плаќање, сместување, исхрана, услови за работа, должина на работната недела, работниот ден и сл.

*       Молбата се пишува на јазикот на матичната земја каде што се јавувате. Тоа е гест на почит и култура кон самата земја. Но, во поголем број на случаи, молбата, адресирањето и другите потреби се пишуваат на англиски јазик.

*       Во молбата, ако ја пишувате сами, се наведуваат: име и презиме, адреса, националност, година, дата и место на раѓање, брачен статус, образование, вид на стручна спремност и квалификација, положени курсеви, познавање на странски јазик, работно искуство и сл.

*       Потрудете се молбата да биде испратена навреме, односно 1-2 месеци однапред, од она време кое сте го одбрале за почеток на сезонската работа. Тогаш и работодавецот може поефикасно да ги организира потребите од работната сила за периодот во кој се пријавувате.

*       Работодавецот преферира вработување на една личост за едно работно место во текот на една сезона, отколку неколку во една сезона. Затоа е потребно да се нагласи дека имате желба да работите за време на целата сезона. Тогаш сте во предност пред другите кои во најголем случај се одлучуваат за работа од 1 до 3 месеци.

*       Ако ве привлекуваат повеќе работи кои би можеле да ги работите, тогаш молбата се фотокопира и се испраќа на повеќе адреси. Постои можност некаде да бидете одбиени, а доколку сте примени на повеќе места, тогаш се избира најдоброто понудено место

*       Во молбата (напишана на машина за куцање) посебно да се наведе и што ве интересира да работите, кога сте слободни за отпочнување со работа и зошто мислите дека сте погодни и заинтересирани токму за тоа работно место.

*       Во одговорот на Вашата молба покрај работната дозвола, во поголем број на случаи, се добива и одговор во кој се дадени условите што се нудат од работодавачот. Пример: плаќањето на патот, сместувањето, издатоците за исхрана, осигурувањето, медицинска и правна помош, локација и опис на работното место, временскиот период за потребното ангажирање изразено во недели или месеци, денот на јавување на работното место, должината на работниот ден и недела, објаснување за каква работа се однесува и др.

РАБОТНА ДОЗВОЛА  

Од работодавачот се добива работна дозвола со важност од 3, 6 или 12 месеци со можност да се продолжи или укине. Трајни работни дозволи нема.

Работната дозвола треба да содржи: 

*       датум и место на јавување, важност и опис на работното место

*       можност за користење на правна и здравствена помош, сместување, исхрана, работна облека и плата

 

Визи има повеќе вида. Освен туристичка, деловна, за престој и сл. има и работна виза. Таа се добива во Амбасадите со приложување на важечки пасош, работна дозвола, повратен авионски билет, разговор или интервју и уплата за административна такса.

Пример: Канцеларијата за врски на Грција бара фотокопија од пасош и здравствена легитимација, 2 слики и уплата.

Пример: За Америка постојат повеќе од 30 видови на визи. Административната такса за сите неемигрантски визи е 100U$. 

 

БЕЛГИЈА, ХОЛАНДИЈА & ЛУКСЕНБУРГ

За овие земји потребно е да се обезбеди работна дозвола, гарантно писмо и важечки пасош. Потоа да се пополни Preliminary questionare – прашалник, 3 фотографии, повратна карта за авион/воз. Ако се патува со автомобил тогаш е потребна фотокопија од меѓународна возачка дозвола и приложување на сообраќајна легитимација. Ако се патува со туѓо возило тогаш е потребно овластување од сопственикот на возилото заверено во суд. 

ФРАНЦИЈА

Влезната виза важи со обезбеден авионски билет. Патувањето со сопствен автомобил не е возможен . Потребно е: 1 фотографија, пасош и важечка здравствена легитимација. За ученици и студенти, добивање на влезна виза е овозможено само во периодот на траење на школскиот распуст односно студентски одмор од 15 јануари до 15 фебруари и во летните месеци од 15 јуни до 31 август. 

КАНАДА, АМЕРИКА & АВСТРАЛИЈА

За влезна виза за овие земји потребно е да се обезбеди гарантно писмо, важечки пасош, 2 фотографии и потврда за уплата на авионски билет. Ова важи за невработените. Ако лицето е вработено, треба да приложи потврда за вработување, извод од личниот доход и времетраење на одморот. За патување на пензионери потребно е да се приложи последниот пензиски чек од примената пензија. 

ГЕРМАНИЈА

За патување во Германија постојат 2 вида и тоа службено и приватно. За службено патување потребно е резервација од хотелот во кој ќе се престојува, потврда од фирмата или манифестација, семинар, саем и сл. кој ќе се посети, уверение дека се занимава со соодветна дејност, 1 фотографија и повратен авионски билет. 

ШВАЈЦАРИЈА

Потребно е да се приложи важечки пасош, гарантно писмо или работна дозвола заверена кај кантоналните власти од каде потекнува работодавачот, повратен авионски билет  и фотографија. 

ШВЕДСКА

За одење во Шведска потребно е да се приложи важечки пасош и фотокопија од работната дозвола или гарантно писмо. 

ТУРИСТИЧКИ И ШЕНГЕН ВИЗИ

Апликантите кои поседуваат туристичка или шенген виза не е потребно да бараат работна неемигрантска виза од амбасада. Со добивање на еден од овие 2 вида на визи доволно е апликантот да се јави на работното место каде ја добил работната дозвола и да работи до периодот до кога трае важноста на визата.

Транзитна виза за земјите што не се членки во ЕУ не се бара работната дозвола ако се има работна дозвола или влезна виза. Шенген виза е 35€ по лице. 

ЗЕМЈИ ВО КОИ МАКЕДОНИЈА Е ОСЛОБОДЕНА ОД ВИЗИ

Визи не се потребни: Земјите на ЕУ, Бангладеш, Барбадос, БиХ,  Боцвана, Гватемала, Доминиканската Република, Јапонија, Куба, Малезија, Никарагва, Перу, Србија, Тунис, Турција, Хондурас, Хрватска, Црна Гора, Шри Ланка. Аргентина (за туристички престој до 3 месеца, Сингапур & Хонг Конг (за туристички престој до 14 дена. Патничко осигурување некои земји го бараат. За информации во “Еуро линк“. 

ДОГОВОРИ ЗА РАБОТА 

Договорите за работа се стандардни судски важечки правни документи. Тие го регулираат работниот статус, правата и последиците од него меѓу работодавачот и апликантот. Договорот има важност од 3 месеци па до 1 или 2 години. Постои клаузула за договорно раскинување на договорот ако се исполнат утврдените услови за тоа – обострано или поединечно од едната или другата договорна страна. 

ВРАЌАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ 

Писмото со испратени документи може да се врати со ознака “RETURN“. Причини: 

*       неточна контакт адреса поради затворање во меѓувреме на компанијата, банкрот, згаснување на дејноста поради непрофитабилност, судска времена забрана за вршење на дејноста, работење со загуба или промена на адреса на седиштето поради селидба во нови простории

*       неажурност на поштата  (Пример: Картичка – честитка за Божик задоцнила 92 години во сојузната држава Кентаки во Америка)

*       поради пополнување на работните места се остава молбата да чека друга понуда на слободни работни места.   

PASSPORT 

ГЕРМАНИЈА

Идејата потекнува од Тео Вајгл и Едмунд Штројбер. Тие го користеле пасошот за децата на странците кои се родени во Германија да им се даде специјално детско државјанство. Децата кои ќе добијат германски пасош, ќе мора да го вратат најдоцна до својата 19-та година доколку не го откажеле државјанството на своите родители. CSU не дозволува двојно државјанство. Младите на возраст од 16 до 23 години имаат право да поднесат молба  за државјанство доколку тука живеат 8 години и ако 6 години посетувале училиште. За детско државјанство, барањата се поголеми и 1 родител мора да биде овде роден, а другиот мора да живее во Германија најмалку 10 години. 

KАНАДА, АМЕРИКА И АВСТРАЛИЈА

Кој е роден во земјата му следува државјанство. Постои можност државјанство да добијат и странци кои 5 години без прекин живеат во земјата. Можно е двојно државјанство. 

БЕЛГИЈА

Дете станува државјанин, ако 1 од родителите е роден во Белгија или во последните години пред раѓањето на детето таму живее најмалку 10 години. Можно е двојно државјанство. 

ФРАНЦИЈА

Дозволено е двојно државјанство. Државјанство може да добие секој кој е на возраст меѓу 16 и 21 година, во Франција е роден и живее таму последните 5 години. 

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Раѓањето во Велика Британија е доволно да се стане британски државјанин, ако 1 од родителите поседува неограничена дозвола за престој во оваа земја. Од дотогашното државјанство, новите Британци не мораат да се откажат. 

ИТАЛИЈА

Можно е двојно државјанство. Рим го дозволува правото на државјанство на сите странци на возраст меѓу 18 и 19 години кој од раѓањето легално живеат во Италија. 

ХОЛАНДИЈА

На странците на третата генерација, државјанството им припаѓа при раѓањето. Државјанство можат да добијат и оние кои се родени во Холандија и таму живееле до полнолетството. Можно е двојно државјанство.  

АВСТРИЈА

Како и во Германија, решавачко е потеклото: Еден од родителите мора да има австриско дежавјанство. 

ШВЕДСКА

Потеклото е решавачко. Странците на возраст меѓу 21 и 23 години можат да станат Швеѓани. Услов: 16 години мора непрекинато да живеат во Шведска, но се бара и 5 години пред тоа да престојувале во неа. Можно е двојно државјанство. 

ШВАЈЦАРИЈА

И овде важи правото на потекло: државјанин е оној кому барем 1 родител е швајцарски државјанин. И Швајцарија прифаќа двојно државјанство. 

ШПАНИЈА

Децата на странците родени во Шпанија имаат право на нејзино државјанство веќе по 1 година престој таму. Но, од дотогашното државјанство мора да се откажат.

 

http://www.rabota-biznis-profit.com.mk/Vestiimages1/LINIJA%20ZA%20NAS%3D%3D22.gif

 

http://www.rabota-biznis-profit.com.mk/Vestiimages1/CRVENA%20TOPKA%3D%3DCR.TOP.gif     Релации и контакти со Светска банка:

http://www.rabota-biznis-profit.com.mk/Vestiimages1/STRELKA%3D%3DMALECKA%3D%3DMMM.gifФиксните Финансиски Тргувања на Светскатa Берза (кликнeтe тyкa)

http://www.rabota-biznis-profit.com.mk/Vestiimages1/STRELKA%3D%3DMALECKA%3D%3DMMM.gifhttp://clicks.aweber.com/y/ct/?l=6tvwC&m=1mhkSdcAfh4n4r&b=Yl.41QXlGUoP.CnbWzH8mw

304 Blandford Road, Beckenham, Kent BR3 4NL, UNITED KINGDOM